ММС

Објавено на: 01/22/21 11:56 AM

Пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога, запленети околу 40 кг марихуана

Полицијата вчера пресече меѓународен канал за транспорт на околу 40 килограми марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Република Северна Македонија.

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, како што соопштија денеска од МВР, на бул.„Јадранска магистрала”, на влезот во Скопје запреле патничко возило  „шкода фабија”, управувано од А.М.(42) од Скопје.

– При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра, се наведува во соопштението.

Од МВР информираат дека А.М. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка,при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.

Инаку, А.М. е познат сторител на кривични дела, осудуван и издржувал затворска казна, а во 2017 во Р.Србија е лишен од слобода при транспорт на поголема количина хероин.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.