ММС

Објавено на: 01/22/21 9:44 AM

Сменет Наќе Гогов, директор на струмичката болница, Катерина Кузмановска нов директор

Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филипче за нов директор на струмичката болница е именувана д-р Катерина Кузмановска, пишува струмицанет.

Кузмановска е специјалист по педијатрија и во претходниот парламентарен состав беше пратеник во Собранието од редовите на СДСМ. Докторката Катерина Кузмановска директорка на струмичката болница е во период кога болницата треба да ја заврши модуларната болница. Но, исто така ѝ претстои и отворање на новиот крак на болницата и нејзина гасификација, пишува каналвис.

Досегашниот директор, доктор Наќе Гогов ја водеше болницата изминативе 3,5 години, а најзапаметен е неговиот ангажман последнава година со пандемијата.

Доктор Наќе Гогов следниот период треба да замине во пензија. Тој ќе остане запаметен по  апелот на социјалните мрежи за донација за купување на амбулантско возило, со кое би превезле пациентите заразени од ковид-19 до скопските клиники. Со тоа тој ја откри очајната состојба во државава со амбулантните возила.

Фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.