ММС

Објавено на: 01/21/21 4:14 PM

Каде е Барон и што напиша Трамп во писмото? Урнебесни шеги на социјалните мрежи

По инаугурацијата на Џо Бајден, социјалните мрежи се „вжештија“ со бројни шеги за Бајден, Доналд Трамп, па дури и за членови на нивните семејства.

Инспирација за многумина беше Барон Трамп, синот на Доналд и Меланија Трамп, кој не беше виден на фотографиите и снимките од заминувањето на семејството од Вашингтон. Тој не беше виден во Белата куќа, ниту во воздухопловната база „Ендрус“, ниту пак подоцна на аеродромот во Флорида.

 


Барон многумина ги потсети на ликот на славниот Кевин во филмот ,,Сам дома’.

Беа напишани бројни шеги и кога се дозна дека беше Трамп оставил писмо за Бајден во Белата куќа, иако не присуствуваше на инаугурацијата.

Многумина во коментаторите пишуваат дека Трамп во тоа писмо едноставно му рекол на Бајден „дека победил“.

„ Еј, поспан Џо! Јас победив на изборите. Вие ги украдовте изборите. Јас сум најдобриот во историјата. Најдобар. Јас победив! Јас победив! Јас победив!  “, се наведува во една шега.

„Eј Џо, знаеш дека ја победив“, гласи друго измислено писмо.

foto-Fashionel.mk

telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1