ММС

Објавено на: 01/21/21 2:46 PM

Почнаa преговори руската вакцина „спутник 5“ да се произведува во Србија

Почнаа официјалните разговори за производство на вакцината „спутник 5“ на територијата на Србија, потврди денеска српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ при посетата на производствените капацитети на најголемиот руски производител на таа вакцина во Русија, пренесува „Инсајдер“.

„Поповиќ, заедно со стручњаци од Институтот „Торлак“ и од Министерството за здравство на Србија, имаше состаок со генералниот директор на ’Генериум’, кој ја потврди подготвеноста на руската страна да изврши трансфер на техннологија и да помогне во обуката за производство на руската вакцина против коронавирусот во Србија“, се наведува во соопштението.

„Ќе со обидеме во најбрз можен рок да почнеме со производство на вакцината во Србијас Во овој момент, освен во Русија, „Спутник 5“ се произведува уште само во Казахстан“, рече Поповиќ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.