ММС

Објавено на: 01/21/21 2:01 PM

Реал ќе го засилува ростерот со играч на Црвена Ѕвезда

Веројатно најекспонираниот кошаркар на Црвена Ѕвезда пред повредата, Џордан Лојд, мета е на „кралскиот клуб“, пренесува „Марка“.

Заминувањето на Факундо Кампацо во НБА лигата во екипата на Денвер Нагетс, остави простор во тактичките замисли на Пабло Ласо. На Реал Мадрид му недостасува креативност и ефективност, а тие две карактеристики кај Лојд беа најизразени во натпреварите во Евролигата.

Американскиот интернационалец овој трансфер би го реализирал веќе на лето, со оглед на тоа дека Реал Мадрид во моментов не може да регистрира нови играчи за Евролигата.

Поранешниот играч на Торонто Репторс и Валенсија, оваа сезона во најдоброто европско клупско натпреварување беше најефикасниот скорер кај црвено-белите со 18.7 поени во просек по меч.

 

 

 

Фото:

redstarblegrade.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.