ММС

Објавено на: 01/20/21 11:39 PM

Мицкоски му честита на Бајден: Одговорен предизвик, но и исклучителна можност за заштита на демократијата

Честитки за 46-от претседател на САД, Џо Бајден на својот фејсбук профил упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Одговорен предизвик, но и исклучителна можност за зачувување на мирот, заштита на демократијата и обезбедувањето на иднина. Граѓаните очекуваат мостови на соработка, стабилност и перспектива –  напиша Мицкоски на Фејсбук.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.