ММС

Објавено на: 01/20/21 10:52 PM

Во Кина е произведена револуционерна батерија за електрични автомобили

Израелската компанија StoreDot разви нова батерија за електрични автомобили која целосно ќе се наполни за пет минути. Батеријата е развиена во Израел, но кинеската фабрика Eye Energy е всушност заслужна за производството. Веќе се произведени илјада примероци од новата батерија. Овие примероци ќе се искористат за презентација пред потенцијалните инвеститори TDK, Samsung Ventures, Daimler i British Petroleum.

Електричните автомобили во моментот не се соодветни за долги патувања, потребно е многу време батеријата повторно да се наполни, бидејќи за ова се потребни од 30 минути до 12 часа.

Додека стандардните литиум-јонски батерии користат графит како електрода, батеријата StoreDot има полупроводливи наночестички што им овозможуваат на јоните да поминат побрзо со помал отпор.   Сепак, масовното производство на оваа батерија не е можно и на пазарот нема да ја има уште минимум неколку години.

 

Фото:  Илустрација / Freepik

Извор:  b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.