ММС

Објавено на: 01/20/21 9:50 PM

Амазон му понуди помош на Бајден за вакцинирањето на населението во САД

Компанијата Амазон и’ понуди помош на американската администрација во спроведувањето масовна вакцинација во САД. Компанијата за ова преку писмо го известила претседателот, Џо Бајден, како што пренесува Ројтерс, со него се потврдува спремноста на компанијата да помогне во дистрибуцијата на вакцините.

Подготвени сме да ги ставиме на располагање нашите оперативни капацитети, експертиза, информациона и комуникаска технологија со што сметаме дека ќе се придонесе за активностите на американската администрација за масовна имунизација на населението – се наведува во писмото упатенот од Амазон до Бајден.

 

Извор:  nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.