ММС

Објавено на: 01/20/21 9:26 PM

Во експлозија во Мадрид загинаа три лица: Десетмина се повредени

Најмалку три лица загинаа, а десетмина се повредени во експлозија што се случи денес во зграда во центарот на шпанската престолнина Мадрид, а експлозијата е предизвикана од истекување на гас. Силната експлозија одекнала во мадридската област Порте де Толедо, предизвикувајќи пожар во зградата.

Сведоците на експлозијата сметаат дека експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување на гас во станбената зграда.

Зградата каде што се случила експлозијата е во сопственост на црква и била користена за состаноци и сместување на свештеници, пренесува Фена.

Гувернерот на Мадрид, Хозе Мануел Франко Пардо објави дека 85-годишна жена и двајца мажи се жртви во немилиот настан. Едно лице пак, се води како исчезнато. Повредени се десет лица кои веќе се пренесени во болница, а еден од повредените е во животозагрозувачка ситуација.

Соседните згради се евакуирани од безбедносни причини, а надлежните служби ја продолжуваат истрагата.

 

Фото:  Twitter

Извор:   dnevnik.ba


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.