ММС

Објавено на: 01/20/21 7:10 PM

Џо Бајден ја положи свечената обрска и стана 46. претседател на САД

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден положи свечена заклетва и стана 46. претседател во историјата на оваа земја , јавува агенцијата Анадолија (АА).

На инаугурацијата во Конгресот во Вашингтон заклетва положи и Камала Харис која стана прва жена на функцијата потпретседател на САД.

Положување на заклетвите е одржано пред судијата на Врховниот Суд Џон Робертс.

По Џон Ф. Кенеди, Бајден е втор католик на чело на САД во историјата, а заклетва положи со раката на Библија која е во сопственост на неговото семејство од 1893 година и на која заклетви полагал на сите функции во текот на педесетгодишната политичка кариера.

Инаугурацијата се одржува со максимални безбедносни мерки во комплексот на американскиот Конгрес во Вашингтон.

На инаугурацијата присуствува ограничен број луѓе поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), а на церемонијата присуствуваат околу илјада поканети гости.

На инаугурацијата не присуствува американскиот претседател во заминување Доналд Трамп кој од Белата куќа денес отпатува во Флорида, а тука е потпретседателот во заминување Мајк Пенс, како и поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, како и бројни други личности.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.