ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/21 6:36 PM

Првата крводарителска акција годинава во Велес со 65 крводарители

Шеесет и пет крводарители се одзваа на првата крводарителска акција годинава на Општинската организација на Црвен Крст  во Велес. Од нив 16 се жени, останатите мажи, а четворица велешани  за прв пат даруваа крв.

-Го видов црвеното комби и сфатив дека овде се дарува крв. Влегов и еве дарувам. Мислам дека направив добро дело, рече крводарител од Велес.

Крводарителската акција траеше шест часа.

– И во услови на зима и пандемија на ковид-19 има одлични резултати – изјави секретарот на велешкиот Црвен крст, Орце Николов.

Со постигнатите крводарувања во минатата година, со кои велешкиот Црвен Крст за 182 отсто го натфрли годишниот план ,е рангиран на второ место во државата.  И тоа со 18 реализирани крводарителски акции во кои 3390 крвни единици даруваа граѓани на Велес и соседните општини Чашка, Градско и Лозово. Пет од акциите беа вонредни поради потребите од крвна плазма за време на ковид-19 во државата.

 Стефани Манева


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1