ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/19/18 7:26 AM

Исламист од Бирмингем призна дека планирал да ја убие премиерката Меј

Исламистот Наимур Закарија Рахман призна дека е виновен затоа што планирал да ја нападне и убие британската премиерка Тереза Меј.

Рахман (20) планирал да ги нападне чуварите пред резиденцијата на премиерката на улицата Даунинг Стрит 10, а потоа да се обиде да ја ликвидира и Меј.

Исламистот од Бирмингем бил во контакт со лица за кои мислел дека се поврзани со Исламската држава, а всушност биле полициски агенти.

Тој беше уапсен во ноември, откако агентите му доставиле ранец за кој мислел дека е полн со експлозив.

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1