ММС

Објавено на: 01/20/21 1:39 PM

Фенербахче се засилува од НБА лигата

Поранешниот европски кошаркарски првак, турски Фенербахче, се засилува од НБА лигата. Доскорашниот кошаркар на Филаделфија, Кајл О’Квин успеал да се договори со евролигашот и остатокот на сезоната ќе го помине под палката на Игор Кокошков, пренесува „Eurohoops“.

Трансферот се очекува да биде официјалиран во текот на денот, а триесетгодишниот О’Квин ќе биде последната аквизиција на Турците по ангажирањето на првиот кошаркар со „тазе“ НБА педигре, Марко Гудуриќ.

Kрилниот центар во својата кариера во најдобрата светска лига, играјќи за Орландо Меџик, Сиксерси, Никси и Пејсерски, има забележано 5.4 поени во просек по натпревар, 4.6 скокови и 1.4 асистенции.

 

 

 

Фото:

thesixersense.com

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.