ММС

Објавено на: 01/20/21 1:22 PM

Силувана сум, молчев 15 години и не го затворија – Хрватската актерка Дора Липовчан призна и се придружи кон регионалното движење Me Too

Дора Липовчан, 43-годишна хрватска театарска, телевизиска и филмска актерка, утрово храбро излезе во јавноста како дел од бранот на регионалното движење Me Too и на својот профил призна дека и самата била силувана.

– Ме силуваа многу пред да влезам во мојата професија, иако со неа почнав да се занимавам во детсвото, така што не можам да ја обвинувам за она што ми се случи тогаш …. Дотолку повеќе ги разбирам колешките од целиот регион кои излегуваат со такви приказни поврзани со својот професионален живот и школување … Јас веројатно имав среќа во мојата работа што никогаш не станав мета на предатори, можеби затоа што го носев тоа искуство како  крвава лузна од порано и затоа што веќе имав развиено одбранбени механизми кои на секој со такви намери уште на прв поглед јасно му стават до знаење дека ќе биде лошо ако некогаш стави рака врз мене … Затоа што верувам дека оној што би се обидел да ме допре уште еднаш во овој живот ќе заврши со извадени заби … Толку лутина носам во себе уште од детството … Се надевам дека сега сите ќе излезат со имиња за да можат предаторите да излезат од нашите улици, училишта и академии … Цели 15 години молчев пред да одам во полиција … И не, не го затворија , беше доцна и немаше доволно докази за судот … Но, барем зборував … Оттогаш душата ми крвари малку помалку … – напиша Дора, која дипломирала на Академијата за драмски уметности во 2002 година и е член на Драмата на хрватскиот народен театар во Загреб од 2006 година.

silovana sam puno prije nego što sam ušla u svoju profesiju iako sam se njome počela baviti u djetinjstvu pa je stoga ne…

Posted by Dora Lipovčan on Tuesday, January 19, 2021

 

Ова излегување на Дора Липовчан доаѓа во бранот на регионалното движење  Me Too, откако српската актерка Милена Радуловиќ го обвини за силување истакнатиот професор и режисер Мирослав Алексиќ, а само неколку часа по објавувањето на информацијата во медиумите на Фејсбук страницата „Не барав“ се поврза уметници со слични искуства од целиот регион. Така започна регионалното движење #МеТоо. Тие ги раскажаа своите трауми и си рекоа едни на други – # Не си сама

Извор: alo.rs

Фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.