ММС

Објавено на: 01/20/21 12:16 PM

(ВИДЕО) Мислевте дека кај нас е студено? Што велите за -51,6 степени во Јакутск?!

Русија, Јакутск, 2021 година, -51,6 степени. Русинот Болот Бочкарев на својот „Твитер“ профил објави видео материјал од балконот во својот дом на кое се мери моменталната температура во вториот најстуден град во светот по Норилск.

-Добро утро. -51,6 степени на мојот балкон во Јакутск, Русија. Сите училишта се затворени, децата остануваат дома, напиша тој.

 

Затоа следен пат, доколку решите да се пожалите во неформален муабет со таксистите за времето и студовите во долгиот јануари, помислете барем на момент на Болот Бочкарев и животот на жителите на Јакутск.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.