ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/20/21 10:11 AM

Во Мексико пронајдени 12 безживотни тела

Во мексиканската југоисточна сојузна држава Веракруз се пронајдени 12 безживотни тела на егзекутирани лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што јавија националните медиуми, Обвинителството во оваа сојузна држава соопштува дека се пронајдени 12 безживотни тела по вооружената пресметка што се претпоставува дека се случила помеѓу бандите во градот Лас Чоапас.

Се истакнува дека безживотните тела, по направените првични испитувања, биле предадени на семејствата.

Започната е опсежна истрага во врска со овој случај.

Според податоците на Националниот извршен секретаријат за јавна безбедност, 31 лице загинале во судирите на вооружените групи во истото подрачје помеѓу јануари и ноември 2020 година.

Инаку, 24 лица загинаа во вооружените напади извршени од почетокот на годината во различни места во Мексико.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1