ММС

Објавено на: 01/20/21 8:09 AM

Денес седници на пет собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за труд и социјална политика, за здравство, за европски прашања и за финансирање и буџет.

На дневен ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е Предлог-законот за лобирање, во прво читање и расправата за примена на Деловникот на Собранието од надлежност на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика ќе расправаат за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за семејството и Предлог – законот за изменување на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, и двата по скратена постапка и во второ читање. На дневен ред е и разгледување на Извештајот на Законодавно-правната комисија, по Предлог на законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, во второ читање.

Измените и дополнувањата на Законот за комплементарна и алтернативна медицина и на Законот за лековите и медицинските средства, и двата во прво читање, ќе се најдат пред членовите на Комисијата за здравство.

Предлог-законот за рамномерен регионален развој во второ читање е единствена точка на дневен ред на Комисијата за европски прашања.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат за Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019, Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во земјава во 2019 и за финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.