ММС

Објавено на: 01/19/21 11:43 PM

Трамп ги повика Американците да се „помолат“ за успех на администрацијата на Бајден

Во својот говор за „збогум“, американскиот претседател во заминување Доналд Трамп рече дека ќе се моли за успех на администрацијата на Џо Бајден.

-Оваа недела ќе биде инаугурирана новата администрација. Да се помолиме да успее да ги одржи безбедноста и просперитетот на Америка – порача Трамп во своето видео обраќање што го објави Белата куќа.

Трамп исто така го спомена упадот на неговите приврзаници во зградата на Конгресот, откако претходно ги повика да се борат против изборните резултати според кои, тој изгуби. Тој истакна дека она што го смета за свое најголемо достигнување како претседател се напорите за нормализацијата на односите на Блискиот исток.

 

 

Фото:         ktvu.com

Извор:  beta.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.