ММС

Објавено на: 01/19/21 8:45 PM

Фотографиите на социјалните мрежи говорат многу за вашето ментално здравје

Фотографиите што ги споделувате со јавноста преку социјалните мрежи може да откријат рани знаци на депресија – покажува една нова студија. Без оглед на тоа дали сакате да објавувате црно-бели фотографии или да користите разноразни ефекти, вашите профили на социјалните мрежи говорат многу за вашето ментално здравје. Според новата студија, вештачката интелигенција на ова поле е многу подобра од човечкото око.

Користејќи машинско учење, софтверите можеле да откријат кои луѓе имаат депресија врз основа на нивните фотографии и дури направиле подобра работа од волонтерите – покажала студијата.

Ова би можело да биде нов метод на рано откривање на депресијата – истакнува во соопштението за јавноста авторот на студијата, Кристофер Данфорт, професор по математички, природни и технички науки од Универзитетот во Вермонт.

Во рамките на истражувањето, истражувачите прегледале инстаграм објави на повеќе од 160 доброволци. Тие се согласиле и да одговорат на прашалник што го изготвиле истражувачите, а кој бил дизајниран така што според него ќе може да се процени нивото на депресија кај секоја личност. Отприлика кај половина од луѓето во студијата била дијагностицирана депресија во последните три години.

Кога истраќувачите анализирале речиси 44 илјади фотографии, откриле дека објавите на корисниците што се со депресија се со поголема веројатност да бидат посиви односно потемни, за разлика од објавите на другите корисници.

Користењето фото-филтер било многу поретко застапено кај луѓето со депресија, кои пак кога објавувале фотографии со филтер, се одлучувале за црно-бела варијанта.

Корисниците на инстаграм кои биле дел од студијата, а кои немале депресија, објавувале посветли фотографии. Исто така, тие почесто објавувале фотографии со повеќе луѓе на нив.

Во рамките на истражувањето исто така, учествувале и други волонтери кои ги оценувале фотографиите во обид да ги да ги пронајдат оние сопственици на профили на кои им била дијагностицирана депресија, но вештачката интелигенција многу подобро ги пронашла овие лица.

 

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.