ММС

Објавено на: 01/19/21 8:15 PM

Вакцинацијата не е услов за учество на Олимписките игри во Јапонија

Јапонските власти денес соопштија дека вакцинацијата не е услов за учество на Олимписките игри планирани за јули-септември, кои минатата година беа пролонгирани поради пандемијата на Ковид-19, јавува aгенцијата Анадолија (АА).

„Ги разгледуваме сеопфатните мерки за одржување на сигурни игри, дури и без вакцината да биде услов за учество“, изјави Катсунобу Като, главниот секретар на кабинетот на јапонската Влада, на прес-конференцијата.

Јапонија требаше да биде домаќин на Олимписките игри планирани за минатата година, но се пролонгирани поради пандемијата на Ковид-19.

Владата на чело со премиерот Јошихиде Суга е одлучна да продолжи со организација на Олимписките и Параолимписки игри кои би требало да бидат одржани до крајот на јули до почетокот на септември.

Анкетата која ја спроведе агенцијата „Кјодо Њуз“ покажува дека најмалку 80 отсто на испитаниците сакаат нов термин за игрите.

Минатата недела челникот на организицискиот комитет за Олимписки игри во Токио изјави дека е асполутно невозможно да се одложат оводишните Летни олимписки игри, па дури и поради пандемијата на коронавирусот.

„Дури и најмалото чувство на неизвесност влијае на се. Сето што можам да го кажам дека ќе продолжиме со подготовките“, изјави Јоширо Мори.

Се проценува дека Олимпијадата во Токио би можела да чини 15,8 милијарди долари.

Во текот на изминатите месеци во Јапонија дојде до пораст на бројот на случаи на Ковид-19, особено во Токио, каде игрите би требале да одржат.

Владата воведе вонредна состојба во неколку покраини, за да им помогне на централните и локални власти во подобро контролирање на пандемјијата.

Токио денес потврди 1.240 нови случаи на заразување и тоа е седми последователен ден со повеќе од 1.000 заразени. Вкупниот број на заразени во главниот град изнесува 87.914.

Властите планираат кон крајот на февруари да започнат со вакцинација, а приоритет ќе бидат медицинските работници и постари лица.

„Ќе направам се што можам за да бидеме сигурни дека сигурните и ефикасни вакцини се дадени на што поголем број луѓе што е можно побрзо“, изјави Таро Коно кој вчера е именуван за челник во борбата против коронавирусот во Јапонија.

Јапонија потпиша договори со Фајзер, АстраЗенека и Модерна за испорака на вакцината за своите жители за првата половина на годината.

Во земјата се потврдени 335.795 случаи на заразување, а 4.370 заразени починаа од последиците на Ковид-19, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.