Роналдо, не оној „оригиналот“, не ниту овој од Јувентус, туку Роналдо Таварес од португалски Пенафиел, на мечот против Визела во рамките на 16-то коло изгоре во желбата да влезе во игра и да му помогне на својот тим.
Пенафиел загуби со 3:1, но она што го одбележи мечот беше комичната ситуација во 69-тата минута. Роналдо Таварес доби дозвола од четвртиот судија да влезе во игра како замена од клупата, а овој како „пуштен од ланец“ заборави да ги соблече долните тренерки и со нив истрча на теренот.
Да не му обрнеа внимание неговите соиграчи, веројатно дуелот ќе го одиграше во неконвенционална опрема налик „оној другарот на терминот на мал фудбал кој е дојден затоа што има фудбалска топка“.
Quando a pressa (e o frio 🥶) é muita… 😅#sporttvportugal #ligaportugalsabseg #segundaliga #fcpenafiel #fcvizela #ronaldotavares pic.twitter.com/wRYuMXOFin
— SPORT TV (@SPORTTVPortugal) January 18, 2021
Фото:
Тwitter / @SPORTTVPortugal / Screenshot