ММС

Објавено на: 01/19/21 12:01 PM

Како ќе изгледа „ковид пасошот“?

Задутре премиерите од земјите членки на Европската Унија ќе го разгледуваат предлогот на Грција за воведување на серитификат за примена вакција, тнр. „ковид пасош“, со кој ќе може непречено да се влегува во ЕУ. Предлогот е сертификатите да не бидат единствената опција за влез во одредена земја, туку како алтернатива да биде покажаниот негативен ПЦР тест.

Се’ поизвесно е дека нема да може да се патува без „ковид пасошот“. Соседна Бугарија е пример на прилагодување на нејзиниот систем кон најавите од ЕУ.

Денеска беше промовиран Информациониот здравствен систем, каде една од содржините за секој државјанин на Бугарија е сертификатот за вакцинирање. Документот во електронска и печатена верзија, која може да се покаже и чита и на мобилен телефон, содржи основни податоци за лицето, датум, место и вид на ковид вакцина која е примена со истите податоци за ревакцинација. Сертификатот содржи единствен број и код, кој може да се скенира и прочита во која било земја, што е дел од системот.

Во електронското досие на секој граѓанин има подфолдери со податоци за имунизација со други вакцини, податоци за матичниот лекар, медицинско досие со податоци за лекување, издадени рецепти и стоматолошки прегледи, како и направедните тестови за ковид.

Во соседна Србија, каде денеска почна масовната имунизација воведен е систем за следење на вакцинацијата; „75 вакцини за пет часа“. Системот го следи целиот процес од набавка на вакцини до вакцинација во секое време и за секој што е вакциниран знае која вакцина ја примил, кога и каде е вакциниран.

Името на системот доаѓа од анализата дека еден тим, еден лекар и двајца медицински работници можат да дадат 75 вакцини за пет часа. Српските здравствени власти сметаат дека во вакцинацијата ќе биде вклучен голем број на медицински персонал.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.