ММС

Објавено на: 01/18/21 8:06 PM

ЕУ има цел: Договор за сертификати за вакцинација во земјите членки, а потоа и низ целиот свет

Европската унија ги повикува земјите-членки да постават цел за вакцинирање на најмалку 70% од населението до почетокот на летото, според нацртот на најновите препораки за справување со пандемијата. Документот со предложените препораки треба да биде објавен утре – дознава Блумберг.

Поточно Европската комисија ќе постигне спогодба со членките на Унијата до крајот на овој месец да воспостават протокол за сертификати за вакцинација, која ќе може да биде признаен и искористен во здравствените системи на ниво на целата Унијата. Идејата е во координација со Светската здравствена организација ваквиот протокол да се користи и во светски рамки. Таквите сертификати можат да ги заменат карантините и барањата за тестирање, докажувајќи дека веќе не сте „високоризични за патување“.

Документот кој се уште не е официјално прифатен, доаѓа во период кога многу земји бележат раст на бројот на заразени, принудувајќи ги владите на ЕУ да ја продолжат блокадата, што предизвикува рецесија.

Европските лидери в четврток треба да одржат видео конференција за да ги претстават најновите предлози на Комисијата. Меѓу најконтроверзните прашања на масата е притисокот за потврди за вакцинација, што ќе овозможи патувањето да продолжи барем за оние што примиле вакцина.

Идејата за ваквиот документ всушност ја манифестира желбата на економиите што зависат од туризамот, да ја спасат туристичката сезона за време на летото.  Сепак, некои земји меѓу кои и Франција не се согласни уште сега да го прифатат таквиот сертификат со кој практично вакцините би биле задолжителни и тоа во моментот кога тие се уште не се достапни за сите, бидејќи има ограничување во нивното доставување.

Со цел да се осигури амбициозниот напор за вакцинација, неопходни се специфични цели “, се вели во соопштението на Комисијата.

„До март 2021 година земјите-членки мора да вакцинираат најмалку 80% од здравствените работници и луѓето постари од 80 години, а „до летото 2021 година“ мора да вакцинираат најмалку 70% од возрасната популација. ”

ЕУ има склучено договори за 2,3 милијарди дози вакцини против коронавирусот. Препораките на Комисијата кои барем засега не се задолжителни вклучуваат:

Поголема употреба на брзи тестови;

Обесхрабрување на сите незначителни патувања до каде и да е, додека епидемиолошката ситуација не се подобри;

Замена на општите забрани за патување со повеќе насочени мерки.

Комисијата исто така „ќе го забрза процесот на одобрување на нови производствени капацитети“ и ќе им помогне на земјите-членки да формираат центри за вакцинација и системи за електронски резервации за вакцинација. Предлозите ја одразуваат загриженоста на земјите-членки дека сегашниот капацитет за производство на одобрени вакцини е недоволен.

 

Извор:    news.bg


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.