Македонските ракометари го победија Чиле, одат во втората фаза на СП, но без бодови
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/18/21 5:18 PM

Македонските ракометари го победија Чиле, одат во втората фаза на СП, но без бодови

По двата тешки стартни пораза, ракометната реперезентација на Македонија пред малку конечно ја постигна првата победа во групата на Светското првенство во Египет. Го победивме Чиле со 32-28 (16-17) и со тоа одиме во главната фаза на СП, но без бодови зашто овие два со Чиле не важат, бидејќи Чилеанците, како последни во групата, нема да вкрстуваат.

Нашите ракометари тешко дојдоа до победата. Особено лошо го одиграа првото полувреме. Чиленаците постојано беа во водство со еден до два гола разлика. Македонија првпат дојде во воство за кратко дури во 21. минута. Полувремето го завршивме со негатива од еден гол разлика.

Во второто полувреме конечно заигравме подобро. Во 44’ прват поведовме со +2, а во 47’ со плус три. Ја задржавме разликата до крајот и некако успеавме да дојдеме до првата победа на СП. Одлично бранеше Митревски, кој реализираше 14 одбрани, а и Томовски одбрани неколку седмерци. Лазаров постигна 7 гола, Пешевски и Костевски дадоа по пет…

Во втората фаза, македонската репрезентација ќе игра со Русија, Белорусија и со Словенија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7