ММС

Објавено на: 01/17/21 7:16 PM

Протести против „заклучувањето“ во Амстердам, полицијата ги растера демонстрантите со водени топови

Неколку илјади луѓе денеска во Амстердам одржаа протест поради националната блокада воведена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во Холандија, а полицијата ги растера со водени топови.

Демонстрантите се собраа на плоштадот пред музејот „Ван Гог“ носејќи натписи „Слобода: Запрете ја оваа опсада“ и скандирајќи „Што сакаме? Слобода!“.

Речиси никој од демонстрантите не носеше маска, кои и не се задолжителни, но и најголем дел од нив не одржуваа физичка дистанца.

Властите не издадале дозвола за одржување протест на плоштадот пред музејот, а бидејќи демоснстрантите одбиле да си заминат, полицијата употребила водени топови да ги растера.

Холандската влада ги затвори училиштата и најголем дел од продавниците во декември, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, а оваа недела го продолжи „заклучувањето“ на три недели.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.