ММС

Објавено на: 01/17/21 3:33 PM

Уапсен професорот по глума кој се сомничи за сексуална злоупотреба на пет свои ученички во Србија

Белградската полиција го уапси сопственикот на школата за актерство во Белград, Мирослав Мики Алексиќ, поради сомнение дека од 2012 до 2020 година, во просториите на училиштето сексуално злоупотребил пет свои ученички, од кои две за време на кривичното дело биле малолетни.

На Алексиќ на товар му се ставаат повеќе кривични дела за силување и недозволени сексуални дејствија.

Потпретседателката на Владата и претседателката на Коорднинативното тело за родова рамноправност, Зорана Михајловиќ, изрази благодарност до актерката Милена Радуловиќ и сите останати девојки кои собраа храброст да проговорат за сексуалната злоупотреба на која биле изложени од страна на Мирослав Алексиќ.

Таа во пишана изјава наведува дека веста за тоа што млади девојки со години биле силувани и сексуално злоупотребувани во позната и призната школа за глума, никого не смее да остави рамнодушен.

– Исповеста на младата глумица ни покажува колку е сексуалното насилство присутно во друштвото, но и колку е тешко да се примети и да се пријави, бидејќи е подмолно, вели Михајловиќ.

Таа зборувајќи за апсењето на Алексиќ истакна дека ваквите страшни појави треба да не наведат да се забрашаме во какво општество живееме и што можеме да направиме да стане подобро место за нашите деца.

– Ја охрабрувам секоја жена да го пријави насилникот, бидејќи вие не сте сами. Обвинителството и другите надлежни институции се тука за да го одработат својот дел од работата и мило ми е што процесот е веќе започнат. Никој не е толку моќен за да не одговара за своите срамни дела, порача Михајловиќ.

Познатата глумица Милена Радуловиќ во исповест за српски „Блиц“ кажа Алексиќ ја силувал повеќе пати додека била малолетна.

Таа рекла дека не е единствена, туку дека постојат уште пет девојки, од кои некои се и малолетни, а кои го пријавувале во полиција за силување.

 

извор: РТВ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.