ММС

Објавено на: 01/17/21 11:02 AM

Затворен угостителски објект во Тетово со 29 гости по работното време

Државниот пазарен инспекторат времено затвори угостителски објект во тетовско Горно Седларце откако синоќа во 21.30 часот во него биле затекнати 29 гости по дозволеното работно време, а полицијата го привела сопственикот, 41- годишниот Б.И. од ова село.

-Сопственикот на угостителскиот објект бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, соопшти Министерството за внатрешни работи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.