ММС

Објавено на: 01/16/21 8:35 PM

Дали нормален маж јавно пишува дека има проблем со тестис- Со Агнеса Органџиева за проблемите во бракот и јавните осуди

Вели сум го оставила дека не бил директор, па тој не е директор веќе пет години и ако било за пари ќе сум го оставела тогаш, вели Агнеса Органџиева,  до вчера Орданоска и сопруга на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски, за случувањата во нивниот брак, кои од четирите ѕида во нивниот дом се преселија на социјалните мрежи и јавноста  веќе неколку дена ги коментира. Таа иако сеуште не се разведени, веќе секаде се претставува како Органџиева, по нејзиното моминско презиме, бидејќи, како што вели за ММС, веќе не сака да се презива така.  И не само тоа, таа за ММС ги објасни работите како изгледаат од нејзин аспект, кога веќе во бракот нема љубов и дека нејзината одлука да го прекине бракот не е донесена преку ноќ.

-Штом го оставам, значи нешто има. Нешто дома не е во ред. Не сакам децата да растат во таква средина. Затоа решив. Кога веќе ја вмеша јавноста и јавноста виде што кажа за мене, тогаш еве нека свати јавноста со каков човек сум имала работа. Цело време трпев само заради децата, беа мали. Но, сега пораснаа. Јас на поголемата ќерка и кажав какви ми се плановите и ме поддржа. Не е ова нешто што сум го решила преку ноќ, како што тој кажува. Јас него многу добро го знам каков манипулатор е.  Но, веќе не мислам на тоа, што сака нека пишува. Само ми е за децата, бидејќи, на поголемата ќерка не и е сеедно ова што се случува. Точно е дека рече нема да се меша меѓу нас, дека ние треба да си одлучиме, но сепак, не и е сеедно. Јас сепак сум и мајка. Сметав дека сето ова е наше приватно. Ама сега што сака нека пишува и објавува. Немам сила веќе.

Како реагирате на коментарите, сепак, јавноста се стави во улога на судија?

-Поголемиот дел, дури 80 проценти се на моја страна, многу пораки добив на Инстаграм и треба да му се заблагодарам што ме направи актуелна. Веќе 20-30 илјади ме следат. И не може сите да ме сакаат, јас и тоа го разбирам.  Во тие 20 проценти скоро сите се жени, кои никогаш во животот не биле на педикир или на маникир, не биле во салон никогаш. Смешен е што вели дека јас секој ден сум одела на фризер. А секој ден имало ручек и сум готвела. Но, да точно е дека излегувам од дома средена. Не ми пречи што ме нарече фотошоп барбика, ме знаат луѓето, јас си се знам себе си и не се замарам. Не ми пречи, тоа си е негово мислење. А нормален маж за жена со која спиел заедно во кревет скоро 20 години нема да ја нарече така.

Во интервју за ММС рече дека ќе клекне на колена и ќе моли да се смирите, денес бара советник. Можно ли е?

-Не. После ова нема шанси.  Сега додека сум млада, сакам да бидам сама и да се посветам на кариерата. После се што направи, не. Срамота е навистина, многу ниско. Сите се смеат. Јас никогаш не сум го навредила, па тој е татко на моите деца и не планирам такви глупости да правам. Премногу сум воспитана. Јас сум дете од Скопје. Се фали со семејството, но ако е до тоа еве моето е уште појако.

Зошто сте го смениле презимето, кога уште официјално сте во брак?

-Веќе не сакам да го носам тоа презиме. Затоа си го вратив моето моминско. Јас навистина не сваќам зошто се случува ова. Нормално е да се разведеш. Ние не сме единствените. Па, не е ова одлука преку ноќ, ми се собирало со години. Ако за него било среќно за мене не било. Се собирало и ете пукна. Ако не пукнело сега, ќе пукнело за пет години. Извини, ама млада сум, имам само 37 години и сакам да се посветам на себе и децата. Многу убаво размислив за се, но не очекував дека ќе пишува глупости. Многу ниско од негова страна. Сепак, сум му родила две деца. Што и да е тој треба да ме почитува како мајка на неговите деца. Ништо повеќе.  И требаше да биде горд. Како што вели дека е школуван, требаше да постапи правилно и културно. До вчера спиел со мене. Сум му правела кафе, ручек, се што сакал, бил како крал дома.

Колку ви пречат негативните коментари?

 

-Многу ми се смешни коментарите. Па еднаш неделно одев на фризер а еднаш месечно се иде на нокти.  А тој секогаш од мравка правел слон.  А негативните коментри, особено од жените многу ми се смешни. Жени што до Вардар не отишле. Затоа не се замарам. Разбирам дека имало и ќе има луѓе љубоморни и искомплексирани. Јас сум таква и тоа е тоа. Ниту сум се сликала по гаќи, или нешто некултурно сум правела. Сите слики ми се културни и нормални. Децата никогаш не сум ги експонирала. Тој сето тоа контра го правеше.  Не сум правела естетски корекции, сето тоа на мене е благодарејки на гени, семејно сме такви. Мајка ми изгледа како да има 50 години.

Многумина ве направија неподобни родители што во вашите несогласувања ги вмешавте децата..

-Тоа е точно. Но, не го направив тоа јас туку тој. Не може да зборуваат во множина. Му реков да не одиме никаде, сепак, корона има, се чуваме сите, но тој упорно отиде. Тој фактички избега. Ако сакал да ме врати назад зошто избега, што не седна да разговара.  По ова што го направи тој за мене не е маж. И како после ова ти да се вратиш дома.  Само да прави филмови и да глуми. И ова што го напиша го напиша со умисла. Но, не требаше да ги вмеша децата, тоа му е многу голема грешка. Никој нормален родител ова не го прави. Ко божем ние сме првите што се разведуваат.

Како реагираше кога го виде постот?

-Јас спиев и ми се јави ќека ми и ми рече: „Мамо те молам не отворај Фејсбук, да не се насекираш“. Јас знаев дека направил некоја глупост, бидејќи го знам каков е.  Еве еден прост пример- дали нормален човек јавно пишува дека има воспаление на тестиси? А тоа го објави пред неколку дена. Знаеш како ја усрами Вивиен со тоа. Девојче од 17 години кое студира медицина. Не може тоа така, да гледа само за себе. Тој од се прави драми. Сака да го жалат. Сака да е во центар на внимание. Ете го постигна тоа, сега пак е во центар. Цело време потенцира дека 16 години бил директор, па ама веќе со тоа.  Како божем само тој бил директор. Не паѓам веќе јас на лажните емоции. Сега имам 37 години, не сум веќе 20 години.  Ги кометираат годините ама тоа нема врска, луѓето само прават филмови. Јас пробав проблемот меѓу нас да го решам со арно, тој не сакаше, така да… Ова нема никогаш да му го простам. Премногу смешно ќе биде.

Весна МИленковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.