ММС

Објавено на: 01/16/21 3:56 PM

Хрватка си ги убила трите деца, па се самоубила

Четириесет и двегодишната Кети Периновиќ и нејзините три деца на возраст од 3, 5 и 7 години се пронајдени мртви во семејниот дом во северното предградите на Мелбурн. Телата ги пронашол сопругот, односно таткото Томислав кој веднаш ја повикал екипата на Итната медицинска помош, по што повикал и полиција, која пак го привела како осомничен.

Во четвртокот вечерта откако завршило испрашувањето тој сепак е пуштен на слобода. Полицијата разговарала и со соседи, пријатели, но и родини на ова семејство кое е со хрватско потекло.

Како што пренесуваат медиумите, засега се верува дека жената прво ги убила своите деца нанесувајќи им повеќе убоди со кујнски нож, а потоа си пресудила и на самата себе. Соседите кои посведочиле на приведувањето на Томислав изјавиле дека тој бил занемен кога му ги ставиле лисиците на раце и бил исклучително вознемирен.

-Ова ми го скрши срцето. Беа добри пријатели, многу убаво се однесуваа кон децата- изјавил еден од соседите на семејството, пренесува Dejli Telegraf Sidnej”.

Заменик началникот на тамошната полиција, Боб Хил изјавил дека оваа трагедија ќе остави големи последици во заедницата.

Според соседите,  Кети во последно време била малку отсутна, а се претпоставува дека лошо и’ влијаеле и мерките против коронавирусот, односно карантинот кој во Мелбурн е многу ограничувачки.

Една од соседките  истакнала дека во четвртокот во претпладневните часови слушнала врескање од улицата каде живеело семејството, додека друг сосед опишал како Кети дошла до неговата куќа однесувајќи се чудно. Според соседите, Томислав работел по цел ден, а во последно време со Кети се случувало нешто чудно. Освен тоа, пред три месеци таа дала отказ на работа, откако претходно седум години работела како физиотерапевт. Се верува дека паднала во депресија, што всушност довело и било причина за инцидентот.

 

Фото: Printscreen/Youtube/ 7NEWS Australia

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.