ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/18 3:09 PM

Заев за лизингот: Студии на анализи покажа дека лизингот е најрационален

И владата на социјалдемократите ја продолжува практиката да користи возила на лизинг, иако оваа пракса, особено од претходната, предводена од НИкола Груевски, силно ја критикуваа во нивните настапи како опозиционери.

Генералниот секретаријат на Владата објави дека склучил јавна набавка за 45 возила на лизинг од марката пасат за три години и тоа од стариот партнер на претходната влада, Порше Македонија. Цената на едно возило што владата ќе го вози на привремено користење е само 2900 евра пониска од цената што треба да ја плати доколку би го купила.  При тоа, понудата на Порше била единствена на оваа набака.

Како аргумент за набавката на возилата на лизинг  на нашето прашање,премиерот Зоран Заев го наведе одржувањето на возилата, што е на товар на Порше.

„Делот на набавката е на основа на студии на анализа како најразионално може да ги троши средствата за насушните потреби на владата и владините институции. Сите овие автомобили трпат одредени дефекти и бараат поправка и одредени секојдневни потреби, кои често знаат да чинат повеќе од самото возило низ годините, а овој лизинг ја дава предноста што понудувачот ги плаќа сите тие поправки, промена на делови, ремонти.  Постапката како и сите други е транспарентна, компетативна и навистина на најповолни услови“, изјави Заев, според кој, овој начин на работа, односно користење на возизла на лизинг, а не со купување, се покажало како најрационален начин.

Раководителот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчевски објасни дека овој договор е од времето на Груевски, сега само се обновува.

-Се работи за обнова на лизингот кој е потпишан во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и истиот истекува во октомври. Моравме да го обновиме лизингот за Владата да има возила. Како и до сега, тој договор е во времетраење од 3 години , објаснува  Мирчевски за Слободен печат.

Претходниот договор за лизинг го склучил Васе Доневски, раководител на Службата за општи и заеднички работи во владата на Груевски, кој сега е во притвор по барање на Обвинителството за гонење организиран криминал. Бизнисот вреден над два милиони евра и тогаш го добила компанијара Порше Македонија. И тогаш понудата на оваа фирма била единствена.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1