ММС

Објавено на: 01/16/21 1:43 PM

Почина Ѓоко Дончев, доајенот на македонската фолк песна

Вчера ненадејно згасна еден од најубавите гласови на домашната музичка сцена, Ѓоко Дончев,  доајен на македонската народна музика, кој е роден на 2.5.1949 година во Валандово.  Беше активен на сцената повеќе од 25 години и со своите песни ја одбележа златната ера во македонската фолк музика.

Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори и испеа дел од најубавите македонски фолк песни. Во македонската народна музика остави длабока трага со своите безвременски хитови, како легендарните „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други.

Освен како исклучителен во музиката, семејството, пријателите и колегите ќе го паметат како посебно харизматичен и ведар. Џоко, како што го нарекуваа блиските,  не ја криеше љубовта кон своето родно Валандово и во едно интервју рече: “Валандово е љубовта моја”. Тој ни остави многу хитови ја остави за секогаш да се пее “О доме мој”, “Сношти Кате пак те видов”,”Свирете другари” и безброј други убави македонски песни.

Дончев ќе биде погребан утре (недела) на градските гробишта во Бутел во 12.30 часот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.