ММС

Објавено на: 01/16/21 1:24 PM

Армин Лашет наследник на Ангела Меркел на челното место на ЦДУ

Армин Лашет (59) е избран за нов лидер на владејачката Христијанско-демократска унија на Германија (ЦДУ), партијата на канцеларката Ангела Меркел. 

Изборот се изврши денеска, а Лашет е избран во вториот круг против Фридрих Мерц со 521 глас „за“ и 466 „против“. Третиот кандидат во трката за наследник на Меркел бил Норберт Рајтген.

Лашет, кој е премиер на најнаселената германска покраина – Северна Рајна-Вестфалија од 2017 година, цврсто се залага за продолжување на политиките на Ангела Меркел.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.