ММС

Објавено на: 01/16/21 1:04 PM

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП Македонија Пат. Врнежи од слаб снег се бележат во Маврово и Струмица, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2020 година до 15.03.2021 година трае законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1