ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/16/21 8:42 AM

Утрово Крушево најстудено со -10, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово во 7 часот најниска температура од -10 Целзиусови степени е измерена во Крушево. Минус осум, според УХМР, се измерени во Битола и во Берово,  -6 во Крива Паланка, -5 во Претор, Дебар и во Куманово, -4  Охрид и во Прилеп, -3 во Тетово и во Штип, -2 Скопје-Петровец и во Струмица, -1 во Скопје-Зајчев Рид и во Демир Капија, а 0 во Дојран.

Најмногу снег од 32 сантиметра има на Попова Шапка, 23 во Битола, десет во Охрид и во Крушево, осум во Претор, седум во Маврови Анови, пет во Берово, четири во Дебар, два во Крива Паланка и во Тетово.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1