ММС

Објавено на: 01/15/21 11:02 PM

Соиграчите одвај ги разделиле: Mиливојевиќ и Бачуаји физички се пресметале на тренинг

Ден после добрата игра против Арсенал на „Емирати“ и освојување на бод без примен гол на тешкото гостување, шокантни вести ни доаѓаат од Лондон. Според англиските медиуми, непосредно пред лондонското дерби со „топџиите“, на тренингот во центарот на Кристал Палас се случила физичка пресметка.

Главните улоги ги имале српскиот интернационалец и поранешен капитен на клубот, Лука Миливојевиќ и белгискиот репрезентативец кој е на позајмица од Челзи, Мичи Бачуаји. Наводно „подебелиот крај“ го извлекол Србинот, откако по ударот на Бачуаји паднал на земјата.

Интензивниот тренинг резултирал со шутирање на топката од страна на Миливојевиќ кон Бачуаји. Белгиецот не можел да се воздржи и жестоко реагирал на провокацијата и некоректниот потег на својот клупски колега.

Вчера на „Емирати“, Бачуаји го проследи мечот од клупата, додека пак Миливојевиќ доби шанса од првата минута.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1