ММС

Објавено на: 01/15/21 9:26 PM

Фенербахче не запира, Панатинаикос доживеа тежок пораз во Истанбул

Новиот тренер на клупата на грчки Панатинаикос,  Одед Каташ,  имаше деби за заборав, откако Фенербахче убедливо со 100:74 го демолираше најтрофејниот европски клуб во Истанбул.

Повратникот од НБА во Европа и во Фенербахче, Марко Гудуруќ, со 18 поени го предводеше својот тим во еден од натпреварите на колото, а беше солидно следен во чекор од некогашниот кошаркар на Партизан, Јан Весели, кој постигна 12 поени и седум скокови.

Во четвртата минута од дуелот турската екипа направи серија од 18:0 за водство од 31:12 и во тој момент беше и повеќе од јасно во кој правец ќе се движи мечот и што ќе се случи со „зелените“ на ова гостување.

Тренерот на Фенербахче, Игор Кокошков, изрази огромно задоволство поради големата победа, велејќи дека се работи за тимски труд и сите заслужуваат пофалби за прикажаната енергија и конечниот резултат.

 

 

Фото:

sportskenovosti.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.