Бројот на смртни случаи поради последици од коронавирусот во светот надмина два милиона. Страницата за следење на пандемијата „Ворлдметер“, синоќа прикажа дека досега во светот починале 2.000.223 луѓе од коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата 93.443.000 луѓе се заразени со вирусот, а 66.682.000 оздравеле. Како активни случаи во моментов се регистрирани 24.760.900, од кои половина процент се во критична состојба.
Најголем број на смртни случаи се регистрирани во САД – 397.264, потоа следуваат Бразил со 207.096, Индија со 151.955 починати… Од европските земји, водечки во оваа црна статистика се Велика Британија со 86.015 луѓе кои ја загубиле битката со коронавирусот, потоа Италија со 80.848 и Франција со 69.313 смртни случаи.