ММС

Објавено на: 01/14/21 11:28 PM

Босна и Херцеговина повторно падна, остануваме во игра за Европско првенство

Македонските одбојкари на најдобар можен начин се искупија за поразот од Турција и со победата од 3:0 (25:20, 26:24, 25:13) над Босна и Херцеговина ги задржаа шансите за пласман на Европското првенство.

Овојпат без грешка и без загубен сет како на првиот дуел со Босанците, одбојкарите рутинирано му зедоа „мерка“ на опонентот во третиот меч на скопскиот квалификационен турнир за Европското во септември, а со самото тоа го озбедбедија најмалку второто место во групата Ц.

Македонија денес со „измешан“ состав и половина сила забележа важна победа, задржувајќи ги силите за она што не очекува во сабота против незгоднодниот тим на Турција. Единствено неизвесно беше во вториот сет, но ладната глава и пасивниот блок ја спречи БиХ од освојување на мини-битката и влегување на двобојот во тесна завршница.

Капитенот Никола Ѓорѓиев го заврши натпреварот со 17 поени, додека пак Александар Љафтов беше убедливо најефикасен во нашиот табор со 21 поен. Кај гостите повторно се истакна Ади Османовиќ со 22 поени.

Момците на селекторот Матијашевиќ утре заслужено одмораат, а веќе во сабота имаат реприза со Турција која ја презема фаворитската улога против БиХ. Победа во сабота ќе значи и второ Европско првенство за одбојкарите во историјата.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.