ММС

Објавено на: 01/14/21 9:45 PM

Заев: Ќе ве бодриме од нашите домови и ќе ви бидеме поддршка во секој миг од натпреварите

Ви посакуваме победа во дуелот со Шведска и голем успех на Мундијалот. Веруваме во вас и горди сме што ќе го пренесете македонскиот спортски дух во светски рамки, напиша премиерот Зоран Заев вечерва на неговиот фејсбук профил, по повод првиот настап на Светското ракометно првенство на Ракометната репрезентација на Северна Македонија вечерва во Египет.

– Ќе ве бодриме од нашите домови и ќе ви бидеме поддршка во секој миг од натпреварите. Тоа нека ви биде мотив повеќе да дадете сѐ од себе и да нѐ направите уште погорди, напиша на ФБ премиерот Заев.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.