ММС

Објавено на: 01/14/21 9:26 PM

Швеѓаните на плус пет на полувреме

Егал до 17-тата минута, а во преостанатите тринаесет минути во продолжението квалитетот на шведската, иако ослабена, дојде до израз.

Македонските ракометари и повеќе од солидно го отворија мечот со фаворизираните Скандинавци. Добриот позиционен напад во поголемиот дел од полувреммето вродуваше со плод и ја држеше Македонија во резултатски чекор. Шведска се одлепи на 8:5 и направи серија од 3:0, но момците на селекторот Брестовац брзо се опоравија од серијата на противникот и нивниот „брз центар“ и израмниja на 8:8.

Несигурната игра во одбраната на момент беше прекината со првата одбрана на голманот Митревски во 13-тата минута, откако чуварот на мрежата на португалски Порто го одбрани зицерот на крилото Ване.

Во последните шест минути од полувремето Шведска отиде на плус пет, водство кое го задржи до последниот звук на сирената во првиот дел во Каиро. Моментот на полувремето се случи во последните мигови од двобојот кога Лазаров и Кузмановски изиграа одличен цепелин.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.