ММС

Објавено на: 01/14/21 5:49 PM

Директорот на БЈБ Тасевски се сретна со преставници на канцеларијата на американската Агенција за борба со наркотиците (ДЕА) во Софија

Во Бирото за jавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија денеска е остварена работна средба помеѓу директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и преставници на канцеларијата на американската Агенција за борба со наркотиците (ДЕА) во Софија.

На средбата, на која присуствувле и помошник директорот од Одделот за криминалистичка полиција со претставници од Одделот, се дискутирало за досегашната успешна соработка помеѓу двете служби, како и правците на идната соработка и можностите за нејзино продлабочување.

Како што соопштија од МВР, директорот Тасевски ја нагласил досегашната соработка со американската Агенција за борба со наркотиците, која резултирала со неколку успешни меѓународни операции во кои нашето Министерството за внатрешни работи учествуваше како респектиран партнер.

На средбата, било истакнато дека ваквата соработка ќе продолжи со несмален интензитет и во наредниот период.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.