ММС

Објавено на: 01/14/21 3:38 PM

Емил Павлов со „карате клип“ на денот на WKF

Светската карате федерација (WKF) на својата официјална Инстаграм страница, во серијалот најдобри потези на врвните светски каратисти, објави видео со еден од најатрактивните потези на Емил Павлов. Емил со Ипон успеа да го совлада актуелниот светски шампион, Италијанецот Анџело Крешенцо и го освои златниот медал на Премиер лигата во Салцбург, Австрија на последниот голем натпревар пред прекинот на сите активности поради коронавирусот.

Во објавата на Светската карате федерација се потенцира дека Емил е првиот европски сениорски шампион во историјата на македонското карате.

Гласањето за најатрактивни акции се одвива на Инстаграм профилот на WKF, а акцијата може да ја преземете од You tube каналот на Карате федерацијата на Македонија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.