ММС

Објавено на: 01/14/21 7:00 PM

Се расплакав од среќа кога се роди Габриел – Фудбалската легнеда Саша Кириќ ужива во прегратките на внукот

Цел живот ми се смени на први септември кога се роди Габриел, вели фудбалската легнеда Саша Ќириќ, кој пред четири месеци стана дедо.  Тој, како и сите дедовци едвај чека да го земе внучето во раце, да го гушка и да го игра, но и , како што вели, да го гледа додека спие. Тој за ММС призна дека љубовта кон внукот е нето што не се опишува, но и дека едвај чека да потпорасне, па да може да го шета.

-Еве татко сум на две деца, на Ана Марија и Доминик, но кога биле мали некако поинаку беше. Чувствуваш одговорност за своите деца, секако, но од друга страна, пак, бев во екот на најголемата професионалност, постојано тренинзи  и немав време ниту да играм со нив, ниту да им посветам внимание како што треба, како родител. Сопругата беше таа која го посветуваше целото внимание. Ама сега како дедо е поинаку. Сега сум послободен, на повозрасни години сум и имам време целиот ден да му го посветам на внучето. За жал короната е проблем, па не можеме секој ден да бидеме заедно, но секоја можност ја користам што повеќе да го гледам и гушкам, додека ќерка ми и зет ми не заминат во странство. Зет ми, Кире Марковски моментално е во „Академија Пандев“, до крај на сезонава и и постои можност на лето некаде да заминат, па за жал, уште помалу ќе го гледаме. Затоа времето сега го кристам максимално. Кога се кај нас, да не речам цел ден ама 80 проценти од денот му го посветувам нему. Заборавам веќе и друштво и излегување и седенки по кафеани. На се заборавам. Кога спие тогаш завршувам некои обврски, а другото време максимално го користам да бидам со него. Тоа е чувство кое не се опишува. Сам не можам да си го објаснам.  Ми велеа – кога ќе станеш дедо ќе видиш. И навистина било така. Кога ќе го земеш во раце, кога ќе почнеш да го играш. Абе милина.  Какво е така малечко, со мишелинки, па ми доаѓа да го гушкам, да го играм. Абе чувство за кое велам дај Боже сите да си дочекаат, вели Саша.

Тој признава дека кога се родило  внучето Габриел заплакал од среќа.

-Дека пуштив солза, да пуштив. Се расплакав.  Ја однесоа Ана Марија во болница и цел ден не знаев што да правам. Чекавме се додека Кире не ни се јави да ни каже дека веќе се породила. И вистина, веднаш солзи радосници ми потекоа. И после со сопругата Светле го чекавме моментот кога ќе изезат од болница за да го земеме во раце. Навистина чудно нешто. Ете и децата кога се раѓале веднаш сум ги држел во раце ама ова навистина е сосема поинакво чувство. Не можев да дочекам да го земам во раце. И кога го земав пак ми се случи истото кога моиве деца за прв пат ги земав. Ми се тресеа раце и имав чувство дека нешто највредно држам во прегратка. Кога се роди син ми Доминик бевме во Швајцарија и присуствував на породувањето.  Заедно со акушерката ја породувавме сопругата и јас ја пресеков папочната врвца.

Со ќерка ми Ана Марија и да сакав не можев, таа се роди тука во Македонија и тогаш не дозволуваа. Навистина беше едно убаво чувство, кое сега ми се повтори, кога Габриел го земав во раце. И од тогаш не го испуштив. Секој ден, секој момент го користам да го земам во прегратка. Ме смирува, ми ја зема целата негативна енергија, која со коронава секој ден ја имаме. А кога ќе го земам во раце се исчезнува, се заборавам. Една друга димензија во која се е убаво, се е весело , се е мирно и среќно.  И кога спие често ми доаѓа да влезам во соба кај него, да застанам покрај креветчето и да гледам како спие.  Така стојам и го гледам и убаво ми е. Чудна некоја енергија, не се опишува. Имаше една состојба кога поради короната не можевме да се гледаме 10тина дена и многу ми недостасуваше. Се гледавме на камера ама не е тоа тоа, поинакво е чувството кога во раце ќе го земеш, вели емотивно Саша.

Ќириќ вели дека како и секој дедо, така и тој, едвај чека Габриел да потпорасне па да може да го шета. Па за тоа и служат дедовците, за шетање, гушкање и играње.

-Јас не можам да објаснам дали внуците повеќе се сакаат од децата.  Сакањето на внучето е една поинаква љубов. Љубовта со децата е нешто ненадминливо ама ова е уште поголема. Иако не ги двојам, подеднакво си ги сакам и децата и внучето. Со децата многу сме поврзани, иако ете сега се големи. Не само јас, туку и сопругата. Одамна ја немам видено да биде толку среќна. Таа и била среќна ама сега блеска. И таа не сака да го испушти од раце Габриел. Нон стоп на ќерка ми и викаме- ти седи уживај. Па Светле прави се што е потребно околу, да го нахрани,пресоблече, избања или заспие, а јас кога ќе дојде време за играње и гушкање.  Ана Марија е супер мајка ама кога ќе дојде кај нас ние сакаме сите обврски околу Габриел да ги превземеме. Сопругата е за сите опартивни работи, јас за гушкање и лажење. Сега е четврти месец, почна да гребе, да фаќа за нос а кога ќе заплаче веднаш го предавам на сопругата. Со кучето се најголеми другари.  Во моемтов кај нас се се врти околу Габриел.  И кога ќе живеат во Струмица, не е проблем да отидеме за викенд, а ако ни се зажели душата со сопругата одиме и за два часа, само да го видиме. Ене каде е Струмица, ќе одиш ќе си го погушкаш, ќе си ги наполниш батериите, додава тој.

Тој не се чувствува стар што на 53 години, кои ги наполни пред некој ден, е дедо. Не го плаши староста, бидејќи, вели, во душа се чувствува млад, а така и се облекува.

-Апсолутно не ме плаши староста ниту, пак, се чувствувам стар. Се е до човекот. Јас сеуште се чувствувам млад. На почетокот малку ми беше чудно кога ќе ми речеа -ајде дедо, па дедо. Како на времето кога почнаа да ме викаат чичко, па ми беше чудно. Но, драго ми е што сум дедо. Јас сум млад дедо, така се носам и сакам што побрзо  да пркне Габриел и да почнам да го носам со мене во кафуле, на фудбал, на музиче. Јас сум таков тип, боемски и  дедо да го научи како треба. Се надевам и посакувам да дојдат и други внуци и од Ана Марија и од Доминик и на сите ќе им ја споделам истата љубов и се да ги научам што дедо учи внуци. Шах во парк сигурно нема да го учам, се шегува Саша.

„Јас сега сваќам колку им било тешко на моите родители. Ние цел живот по странство и нашите деца израснаа без баба и дедо, ги гледаа еднаш на шест месеци, кога ќе дојдевме во Македонија. И кога ќе ми речеа- дај да ги слушнеме внуците, тешко ни е, јас не ја сваќав таа работа толку. Сега три дена нема да го водам Габриел, па ми е тешко и дури сега сваќам како им било на моите родители. Но, ете таква била ситуацијата. Затоа јас сакам да го искористам времето додека не заминале некаде да го гушкам Габриел. Ако заминат во странство многу ќе ни биде тешко ама ете среќа е што живееме во некој модерен свет, па не само што ќе се гледаме на камера, туку има авиони и ќе одиме на гости. Тоа е комплетно ти се менува животот на убаво. Сосема поразлично мислиш. Порано кога ќе речеа Ана Марија и Кире дека ќе излезат и јас гледам со нив да си излезам ама сега чекам они да излезат а јас да останам дома со Габриел. Тоа е љубов на дедо, објасни Саша.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.