ММС

Објавено на: 01/14/21 2:38 PM

Верниците се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј во Струмица

Од синоќа православните верници се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики. Во црквата „Свети Кирил и Методиј” во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, традиционално  се изложени на поклонение дел од моштите на овој светец.

– Веќе 25 години ја имаме таа благодат да бидеме дел од молитвите на Свети Василиј Велики. Ние можеме да се поклониме на светите мошти, кои секоја година пред празникот на Свети Василиј Велики се изнесуваат на поклонение овде, во црквата Свети „Кирил и Методиј” во Струмица, речеотец Даниел Ѓоргиев.

За православната црква Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух”.

Според преданијата, моштите се донесени во Струмица во 1830 година од Кападохија, од војник од овие краишта кој служел во војската на Турската империја.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.