ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/18 11:35 AM

Турција ја укинува вонредната состојба

Вонредната состојба во Турција воведена пред две години по неуспешниот државен удар во јули 2016 година, завршува денеска, а Владата веќе предложи построг закон за борба против тероризмот.

Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) го критикуваше законот како зајакнување на законите за државен удар, наместо да се ослободи од нив.

– Процесот на државен удар се уште е во сила. Сега тие носат законот во Парламентот, со цел вонредната состоја да ја направат постојана, изјави лидерот на ЦХП, Кемал Киличдароглу пред парламентарната група на неговата партија.

Вонредната состојба беше воведена на 20 јули 2016 година, по обидот за државен удар од страна на дел на армијата. Од тогаш се продолжуваше седум пати, секој пат за период од три месеци.

Сегашното продолжување истекува вечерва во еден часот по локално време (полноќ по средноевропско време). Се уште не е познато дали Владата ќе деноесе одлука за укинување на вонредната состојба или едноставно ќе остави таа да истече.

Парламентарна комисија утре ќе расправа за законот за борба против тероризмот кој го предложи владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Се очекува законот да помине без проблем, затоа што АКП и нејзиниот екстремно десничарски сојузник, Партијата за националистичкото движење (МХП), обезбедија парламентарно мнозинство на изборите во јуни.

Вонредна состојба му овозможи на Ердоган да владее со декрети и ги ограничи основните права. Со уставните измени од минатата година, Ердоган сега е шеф и на државата и на Владата, а неговите широки овластувања вклучуваат и можност да владее со декрети.

 

 

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1