ММС

Објавено на: 01/14/21 11:28 AM

Првпат по 20 години минхенски Баерн не успеа да го помине 2. коло на Германскиот куп, елиминиран од второлигаш

Во второто коло од фудбалскиот Куп на Германија, синоќа второлигашот Холштајн Кил успеа по изведувањето на ударите од белата точка со резултат 8:7 да го елиминира Баерн од Минхен, баварскиот фудбалски гигант и актуелен шампион на Бундеслигата, пренесува Анадолија (АА).

Синоќа во рамките на второто коло на Германскиот фудбалски куп Баерн Минхен, лидерот во Бундеслигата му гостуваше на второлигашот Холштајн Кил.

Веќе во 14. минута од натпреварот Баерн Минхен преку Гнабри поведе со 0:1. Домаќините преку Фин Бартелс изедначија на 1:1 во 37. минута, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме, Баерн започна фуриозно и веќе во 48. минута преку Лирој Сане поведе со 1:2. По овој погодок Баерн Минхен доминираше на теренот и кога секој го очекуваше крајот на средбата и победа на Баерн, во судиското продолжение, во 90+5 минута од средбата, Холштајн Кил преку Вахл успеа да го изедначи резултатот на 2:2.

Откако натпреварот во регуларниот тек и во неговите продолженија заврши без победник 2:2, се премина кон изведување на ударите од белата точка.

Холштајн Кил беше посупешен во изведувањето на пеналите од Баерн и остварувајќи предност од 8:7 се пласираше во 3. коло на Купот на Германија.

Ова е првпат по 20 години екипата на Баерн Минхен да не успее да го мине 2. коло на фудбалскиот Куп на Германија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.