ММС

Објавено на: 01/14/21 10:36 AM

Експертите од СЗО пристигнаа во Вухан

Тим од 13 експерти од Светската здравствена организација (СЗО) пристигнаa денеска во Вухан, за да ги испитаат околностите на избувнувањето на пандемијата на корона вирусот во тој кинески град на крајот на 2019 година.

Светската здравствена организација денес соопшти дека двајца експерти од нејзината мисија да го утврдат потеклото на новиот корона вирус во Кина се уште се во Сингапур, поради тестирањата за „Ковид 19“. А, останатите 13 експерти веќе пристигнаа во Вухан.

Сите 15 членови на мисијата на СЗО беа негативни пред заминувањето, а во Сингапур сите беа исто така негативни на тестот, но беа пронајдени антитела кај двајца членови на тимот и тие повторно се тестираат, соопшти СЗО.

Кинеската влада го одобри доаѓањето на експертите по неколкумесечни дипломатски дискусии, јавува АП.

Научниците претпоставуваат дека вирусот бил пренесен на луѓе од лилјаци или други животни во југозападна Кина, чии власти тврдат дека вирусот пристигнал од странство, можеби во увезена морска храна, што експертите го отфрлаат.

Членови на тимот на СЗО се експерти од САД, Австралија, Германија, Јапонија, Велика Британија, Русија, Холандија, Катар и Виетнам.

Пекинг објави дека експертите на СЗО ќе „разменат мислења“ со кинески научници, но не е познато дали ќе им биде дозволено да собираат докази.

Членовите на тимот ќе поминат две недели во карантин, од каде ќе започнат соработка со кинески експерти преку видео мрежа.

Преземено од: tv.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.