ММС

Објавено на: 01/14/21 7:06 AM

Време: Попладне и вечер снег, од утре и пониски температури

Променливо облачно и постудено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Најниската утринска температура се очекува да биде до -7, а највисоката дневна до +7 степени.

Во следните денови, според УХМР, ќе преовладува претежно суво и многу студено време, особено за време на викендот и во почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјава ќе се задржат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а за време на викендот вдолж Повардарието засилен северен ветер. В сабота на места ќе провејува снег.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.