ММС

Објавено на: 01/13/21 11:44 PM

(ФОТО) Ван Гинкел се врати на терените по 983 денови

Некогаш големиот холандски талент на кого му се предвидуваше блескава иднина, досега низ кариерата навистина немаше среќа и не успеа да биде заобиколен од тешките повреди на зелените терени.

Во 2013 година англиски Челзи го купува Холанѓанецот за девет милиони фунти и полага надежи дека Ван Гинкел ќе ја предводи средината на „сините“ во следната декада. Но, за жал кариерата на холандскиот интернационалец се движеше во спротивен правец. Гинкел не можеше „да крене“ глава од повреди кои знаеја да го оддалечат од терените и по неколку години во континуитет.

Моментите кога беше меч-фит, матичниот клуб од западен Лондон ги користеше да го испрати Ван Гинкел на позајмица и да добие потребни минути за враќање во нормала.

На дербито во холандското пренство помеѓу ПСВ Ајндховен и АЗ Алкмар, Марко Ван Гинкел доживеа „втора младост“ и конечно заигра фудбал. По цели 983 денови, односно 32 месеци. Да, добро прочитавте.

За жал неговиот клуб загуби со 1:3 и заостана во трката за титулата во најквалитетната холандска дивизија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.