ММС

Објавено на: 01/13/21 10:17 PM

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед се пресели во Баер Леверкузен

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Тимоти Фосу-Менса, ќе го носи дресот на Баер Леверкузен. Германците успеаа да ја совладаат конкуренцијата од Премиер Лигата, Ајакс, Херта Берлин и Марсеј и да го озбезбедат потписот на играчот од задната линија на „црвените ѓаволи“.

„Фармацевтите“ ќе мора за услугите на дваесет и седумгодишниот Холанѓанец да му исплатат на првопласираниот тим во Англија 1.8 милиони фунти. Последниот настап на Менса под палка на Оле Гунар Солскјер беше против Лајпциг во Лигата на Шампионите.

Менса нема да биде последниот играч на Јунајтед во јануарскиот трансфер рок на излезни врати. Крилниот напаѓач Џеси Линград својата среќа и спас на кариерата ќе ја бара надвор од Англија. Сериа А, Реал Сосиедад и француска Ница се споменуваат како реални опции за некогаш надежиот англиски репрезентативец.

 

 

 

Фото:

skysports.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.